Од денеска и официјално Марко Ѓорѓиевски е нов член на Клуж, клуб од Романија. Утринава самиот клуб на социјалните мрежи објави дека има нов напаѓач и тоа од Македонија.
Со ова се заврши сагата за тоа каде ќе потпише најдобриот стрелец во ПМФЛ за изминатата сезона со 15 голови, довчерашниот фудбалер на Силекс.
Секако дека за Марко, кој има веќе интернационална кариера, ова е голем трансфер.