Јасно е дека Горан Пандев не пропушти вечерва да го бодри својот Интер на “Алијанц Арената“ во Минхен. Македонецот беше дел од легендарниот состав на тимот од Милано во 2010 кога во финалето против Баерн Минхен, славеше против Баерн со 2:0.
Тоа е последната титула за Интер во Лигата на Шампионите. И затоа јасно е дека како легенда на Интер, на нашиот Пандев местото вечерва му е на “Алијанц Арената“.
Исто така Пандев имаше што да каже пред финалето за повеќе медиуми и пред се за клупските канали на Интер.