Паника во Интер: Останува без Инзаги кој има понуда од 30 милиони евра?

778

ПСЖ и Интер вечерва го играат финалето на Лигата на шампионите во Минхен со почеток во 21 часот.

Додека навивачите на Интер со нетрпение ја очекуваат шансата да ја освојат својата четврта титула европски шампион во историјата, тие слушнаа и донекаде шокантна шпекулација од француските медиуми. Имено, како што пишува Foot Mercato, по финалето, тренерот на клубот Симоне Инзаги би можел да ги напушти „нераѕурите“.

Истиот медиум наведува дека италијанскиот стручњак усно се договорил за сè со Ал Хилал и дека, доколку нешто значајно не се промени, треба да потпише договор вреден 30 милиони евра по сезона во наредните денови.

Такво сценарио би било ужасно за италијанскиот гигант. Инзаги не само што се смета за врвен тренер, туку и за еден вид архитект на новиот Интер во кој, со не толку импресивна финансиска состојба, изгради тим кој е национално и глобално релевантен.

Четириесет и деветгодишниот поранешен напаѓач го предводи Интер од летото 2021 година. Минатата сезона ја освои шампионската титула. Оваа беше во трка со Наполи до последното коло, но на крајот освои бод помалку и остана без нова титула.

Во Интер освои два италијански купа и еден Суперкуп, а пред две сезони играше во финалето на Лигата на шампионите каде што загуби од Манчестер Сити. Во својата кариера, тој го водеше само Лацио, каде што помина пет години.

Ал Хилал, клубот со кој се поврзува, е вицешампион на Саудиска Арабија, а ќе игра и на претстојното Светско клупско првенство. Ал Хилал е од Ријад, а за него играат многу европски и светски ѕвезди.

На последната прес-конференција пред финалето на Лигата на шампионите, Инзаги рече дека не оди никаде.

„Фокусот е само на вечерашниот натпревар, а не на понудата од Саудиска Арабија. Веќе реков, среќен сум во Интер и имам сè што ми е потребно за да се стремам кон нови предизвици со него“, рече тој.

ПретходноМеси, Нејмар и Мбапе? Најдобрите на светот не прават тим
СледноАлкараз: Не уживав толку многу!