Почина поранешниот газда на Интер кој го купи Дарко Панчев!

2535

Денеска, во пресрет на големото финале во Лигата на Шампионите, почнина поранешниот газда или сопственик на Интер, токму на денот кога клубот од Милано во Минхен вечерва игра против ПСЖ за трофејот во ЛШ.

Ернесто Пелегрини (1940-2025), беше еден од најсаканите претседатели на гигантот од Милано на чие чело беше од 1984 до 1995 година.

Токму Пелегрини беше претседателот што го купи Дарко Панчев и го донесе во Милано. Во таа 1992 година тој трансфер беше еден од најголемите во фудбалска Европа.

За жал Македонецот во дресот на Интер не успеа да ги повтори игрите од времето на Ц. Звезда и Вардар, поточно не доби адекватна шанса.

Вечерва во чест на Пелегрини, играчите на Интер за време на финалето ќе носат црн флор.

ФОТО: Ернесто Пелегрини/Х

ПретходноЛШ финале: ПСЖ против Интер, мега – спектакл во Минхен!
СледноТотенхем се ослободува од четири играчи