Репрезентативна размена, Василев оди во Работнички, Алексовски ќе брани за Влазниа

1286

Голманот на македонската репрезентација до 21. година Васко Василев ќе биде нов голман на тимот на Работнички, додека пак чуварот на мрежата кој што е дел од нашата А репрезентација Игор Алексовски заминува на интернационална авантура во тимот на Влазниа од Албанија.

Василев последно бранеше за тимот на Гостивар, каде што и немаше преголема минутажа, и истата ја делеше.

Од друга страна пак, Алексовски е стандарден веќе извесно време во Работнички, имаше голем удел во изминатата сезона и резултатите на овој тим па нормално е да има понуди од странство.

Василев беше на голот за нашиот У21 тим на пријателската во Косово, а се очекува да стартува и денес од 15:00 часот на ФФМ.

 

ПретходноМладите денеска со втор дуел против Косово
СледноАтлетико Мадрид го завери Фернандо Торес до 2027 година!