Вардар се пласираше во финалето во Купот на Македонија, откако славеше против Алкалоид со 32-31 после изведување на пенали. Оваа пресметка исто како лани победникот не го доби после регуларните 60. минути (28-28), но сега победата ја однесоа „црвено-црните“, практично им се реваншираа на момците на Лазаров.
Пенал серија: Алкалоид: Серафимов (+), Симоновски (-), Дамјан Митев (-), Да Силва (+), Петковски (+).
Вардар: Пинто (-), Георгиевски (+), Срдановиќ (+), Николиќ (+), Крсманчиќ (+).
Иван Галевски имаше 16 одбрани кај Алкалоид, Еспиња имаше 13 одбрани. Прв стрелец кај победникот беше Вуко Борозан имаше седум гола, додека Лазаревски пет. Кај Алкалоид Серафимов беше стрелец на девет гола, два помалку имаше Петковски.
Прво полувреме во кое Вардар 1961 само еднаш водеше, на стартот со 1-0. На другата страна цврстата одбрана и далеку подобро насочените и средени емоции беа една од главните причини поради која Алкалоид за кратко време го превзема водството и го дикритраше мечот. После шест минути игра момци на Кирил Лазаров водеа со 1-4, беше 3-6, по што на средината на првото полувреме најефиксниот ракометар, Мартин Серафимов погоди за 4-8, ова беше и најголемата предност. По последните 5-9, Вардар успеа да се доближи на еден гол разлика, крајот на првото полувреме беше многу поинтересно, минималната позитива на одморот ја имаше Алкалоид (13-14).
Во второто полувреме сликата се промени, Вардар 1961 на стартот израмни на 15-15. Алкалоид дојде на плус два (16-18 и 17-19). Водството кое го имаше беше благодарение на Галевски, кој имаше три врзани одбрани, чисти зицери. Неговиот тим не ги искористи овие моменти, дури и Стојковиќ заработи две минути исклучување. На средината на вториот дел беше 21-23. Милано повика тајм-аут, неговите момци одговорија за 23-23 и интересна завршница.
Галевски со две нови одбрани (една од седум метри) не му дозволи на Вардар да го запише второто водство на мечот. Сепак тоа се случи подоцна, во 51. минута со голот на Хориха, „црвено-црните“ поведоа со 25-24. Лазаров повика тајм-аут, Џонов израмни на 25-25. Вардар 1961 на шест минути до крајот со голот на Николиќ дојде на плус два (27-25).
Галевски повторно ја имаше главната улога, со две одбрани го врати својот тим во игра за победа, Алкалоид водеше со 27-28 на две минути до крајот. Џонов заработи две минути исклучување, а Галевски повторно направи магија, но неговиот тим не искористи напад. Вардар преку Срдановиќ израмни на 28-28. Останаа 10 секунди, но Борзан наместо црвен картон, доби само две минути, времето истече мечот се решаваше по изведување на пенали.
Вториот полуфинален меч меѓу ГРК Охрид и Пелистер ќе почне со задоцнување.