РФМ ќе организира “Трофеј Македонија” во Охрид

278

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов пред завршницата во Купот на Македонија најави ново натпреварување.  Станува збор за турнир кој ќе го носи името „Трофеј Македонија”.

“Сакам да најавам дека сме во преговори за во септември да се одржи турнир под името „Трофеј Македонија“. На него треба да настапи женската репрезентација и неколку други учесници. Не се дефинирани учесниците и моделот, а се надевам дека со поддршка на градот и градоначалникот ќе биде значаен за нас во ракометот, но и градот Охрид“, откри претседателот на РФМ.

ПретходноОфицијално: Марко Ѓорѓиевски во дресот на Клуж! (ФОТО)
СледноКуп на Македонија: Алкалоид го брани пехарот, Пелистер чека 20 години!