Како што вечерва објавија на своите социјални мрежи, кратовци успеале да се договорат со Милош Николиќ за продолжување на соработката. Потпишан е едногодишен договор со фудбалерот кој веќе три години е во Силекс.
Досега Николиќ одигра 80 натпревари за Силекс, кој ова лето ќе ја претставува Македонија во фудбалска Европа, а има постигнато и три гола и запишана една асистенција.
Покрај него Силекс досега се засили со нови имиња и тоа со Мартин Мирчевски, Миљан Говедарица и Мигуел Пиреш.
ФОТО: ФК Силекс/ФБ