Синер покажа сила, на Лехечка му препушти само три гема!

87

Јаник Синер и тоа како покажува сила на годинашниот Ролан Гарос. Попладнево во меч од 1/16 финалето немаше никакви проблеми против Чехот Лехечка кого го победи ефектно со 3:0 во сетови и притоа му препушти само три гема и се пласира во следната фаза.

Италијанецот и дефинитивно е најголем фаворит за освојување на трофејот на Ролан Гарос, иако сепак сеуште рано е за било какви прогнози.

Интересно, мечот со Лехечка траеше само час и 35 минути.

Во осминафиналето се пласираа и Рубље, Зверев, Дрејпер.

Вечерва својот меч ќе го има и Новак Ѓоковиќ.

ПретходноМекларен ќе стартува од првиот ред во Каталуња
СледноРеприза од лани: Вардар 1961 преку пенали до финале во Купот на Македонија