Селекторот на македонската младинска репрезентација до 21. година Горан Станиќ, по двата дуели одиграни со Косово, во кој одигравме на два пати 0:0, е задовололен од она што е одиграно со нагласок дека приоритет во овие два дуела беше дефанзивата. Што ќе рече дека офанзивата била во втор план. Што значи дека задачата е одработена.
„Ќе сумирам за почеток, два собира. Оној во Анталија и овој сега. Во кој главен акцент бешпе ставен на дефанзивата. Тоа што го испланиравме дефанзивно, го одработевме. Мал дел се работеше офанзива. Заодовлен сум. На следниот собир, тие пет шест дена кога ќе се собереме во септември, ќе бидат посветени исклучиво на офанзивата. Имаме проблем во реализацијата, и ќе се поработи на тој сегмент. Во третата зона што се вели.
Задоволен сум од односот на играчите, на она како тие се однесуваат во националниот дрес. Имаме уште многу пред нас, но сум задоволен“ – рече селекторот Горан Станиќ.