Мартин Стојанов е уште еден во редот на првотимци на тимот на Тиквеш, кој што и следната сезона ќе го носи дресот на екипата од Кавадарци.
Офанзивецот по Мишов, Миловановиќ и Стојкоски е уште еден од редот на напаѓачи кои летово ја продолжуваат соработката со нивниот клуб и не менуваат средина.
Тиквеш не задоволи со резултатите во изминатата ПМФЛ сезона, но со новиот спонзор на клубот, очигледно се очекува во Кавадарци на фудбалски план да се случуваат убави нешта.