Менаџерот на Англија, Томас Тухел, ќе го предводи својот состав од 26 играчи на Големата награда на Шпанија во Формула 1 која е закаажана за во недела.
Трите лава ќе се одморат од квалификациите за Светското првенство во Андора во сабота, со посета на патеката Каталуња во Барселона.
Трент Александар-Арнолд, кој официјално станува играч на Реал Мадрид во недела откако предвреме го напушти Ливерпул, капитенот Хари Кејн и Џуд Белингам ќе бидат присутни на деветтото коло од сезоната во Формула 1.
Британскиот возач Ландо Норис, кој ја освои Големата награда на Монако минатиот викенд, има за цел да го симне од тронот Оскар Пјастре на врвот на шампионатот. Тој заостанува три бода зад својот соиграч од Мекларен.
Откако го започна својот мандат како менаџер на Англија со победи над Албанија и Латвија, Тухел го продолжува својот пат до финалето следното лето со натпревар од Групата К против Андора пред пријателскиот натпревар против Сенегал на 10 јуни на Градскиот стадион.