Македонската репрезентација до 21. година предмалку уште еднаш во само три дена одигра без голови 0:0 против соодветната селекција на Косово.
Првиот дуел одигран во Приштина исто така заврши без голови, што ќе рече дека младите фудбалери од двете соседни земји ни останаа должни барем што се однесува до голгетерските способности.
На денешниот дуел, Македонија, поточно селекторот Горан Станиќ се одлучи за нешто поинаков состав отколку оној во Приштина, но и денешните стартери, а и оние кои влегоа подоцна не успеаа барем еднаш да ја затресат противничката мрежа. Доколку повеќе, не успеаа ниту да создадат стопроцентна шанса.
Наспроти тоа, противникот, нешто поагилен и поконкретен во напаѓачкиот сегмент но што се однесува до головите и Косово немаше свој ден.
Ова воедно беше за нас и генерална проба пред стартот на септемвриските квалификации кои ги стартуваме на 5. септември со дуелот на гости против Полска.
Македонија: Џеков, Џеков, Ангелов, Гаштаров, Зенделоски, Талевски, Даиловски, Стојанов, Меметриза, Данев, Мелиќи