Ѓер ја доби драмата со Есбјерг и се пласира во финалето!

83

Ракометарките на Ѓер се први финалисти на Ф4 во Лигата на Шампионите, откако во првото полуфинале успеа да слави над составот на Есбјерг со 29:28. Тоа беше драматичен меч, но сепак на крајот до победата дојде условно кажано домаќинот на овој Ф4, со оглед на тоа дека се игра во Будимпешта.

Во текот на целиот натпревар, Ѓер имаше позитива, но таа не беше голема и данскиот тим се обидуваше да ја стигне, но постојано беше во негатива. Во самиот финиш Есбјерг имаа шанса за реми, но сепак на крајот Ѓер заслужено победи и се пласира во големото финале.

Вториот финалист ќе го дознаеме откако ќе заврши и вториот меч меѓу Мец и Оденсе кој се игра од 18 часот.

ФОТО: ЕХФ/Х

ПретходноСтаниќ: Дефанзивниот дел ни е подготвен, на следниот собир ќе ја подготвуваме офанзивата
СледноЖРК Ѓорче Петров со двојна круна ја завршува сезоната