Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа избори финале на фјучерс турнирот во Куршумлиска бања.
Таа во полуфиналето на победи со 1:2 по сетови претставничката на Казахстан, Зибак Куламбајева. Првиот сет Ѓорческа го доби со 2:6, за да потоа противничката израмни на 1:1.
Сепак, во решавачкиот сет Ѓорческа беше далеку поприсебна, посконцентрирана, ги погоди потребните удари и триумфираше со 6:3.
Во финалето ќе се сретна со претставничката од Грција, Матоула, која што е седма носителка на турнирот.