Ќе има МЕГА пресметка: Пелистер му закажа финале на Вардар 1961 во Купот

599

Пелистер се пласираше во Купот на Македонија, откако славеше против ГРК Охрид со 27-23 на вториот полуфинален натпревар. Битолчани за првиот пехар после 20 години во ова натпреварување ќе се борат против големиот ривал Вардар 1961, мечот се игра утре во СЦ „Билијанини Извори“ со поеток во 17:30 часот.

Ракометарите на Пелистер наидоа на силен отпор од страна на ГРК Охрид, некаде после 40-та минута почнаа да градат посериозна предност и да го подигнат нивото.

Капитенот Филип Кузмановски со седум гола беше прв стрелец кај победникот, на другата страна исто број на погодоци имаше Гоце Ојлески. Митревски мечот го заврши со 14 одбрани, додека Чаневски запиша 8.

Првиот гол „падна“ после 3:30 минути, а стрелец беше Хосни за 1-0. Првите десет минути беа под секој квалитет, бидејќи видовме вкупно четири гола (2-2). Охрид во 11 минута преку Цирар го запишаа првото водство на мечот (2-3), додека на средината на првото полувреме беше 4-4. Не видовме квалитетен ракомет, барем во овој дел. Митревски ги запиша своите први интервенции, Костески успеа да израмни во 25-та минута, но ГРК Охрид лукаво се избори на одморот за 11-12.

На стартот на вториот дел, ГРК Охрид поведе со плус два (11-13), но Митревски одбрани пенал, а Пешевски израмни на 13-13. Сето ова придонесе битката на теренот да стане пожестока. Се играше гол за гол. Во 44-та минута, Кузмановски со два гола и Манасков од седум метри го донесоа првото посериозно водство на Пелистер од три гола 18-15.

Иако битолчани имаа нови плус три 20-17, сепак охриѓани најдоа начин да се вратат целосно, во 49 минута со голот на Јукич од седум метри измранија на 20-20. Митревски влзе во ритам, а Пелистер овој пат почна сигурно да чекори кон победата, на четири минути до крајот имаше позитива од пет гола (25-20), прва на мечот. На другата страна за охриѓани времето беше прекратко, немаше простор за нов кам-бек, шансата за Куп пехар ќе бараат следната година.

Претходно“Националите“ тренираа на Арената: Македонија се спрема за Белгија! (ФОТО)
СледноБитола чека 20 години, навивачите со порака: Го сакаме пехарот!