Лазаров: Не сум разочаран, напротив, горд сум на целиот тим! Честитки до Вардар!

9309

Алкалоид не успеа да се пласира во финалето на Купот на Македонија и таму да го брани пехарот. Момците на Кирил Лазаров после изведување на пенали беа совладани од Вардар 1961 со 32-31.

Како и на претходните мечеви така и сега Алкалоид не беше во комплетен состав, имаше шанса да победи во регуларниот дел, не искористи напад. Лазаров му ја честиташе победа на Вардар 1961, но им честиташе на неговите момци за играта против далеку поискусни и посилни ростери, нешто што го прават во текот на целата сезона.

Претходно„Тешкото допрва доаѓа, подготвени сме за предизвикот“!
СледноМилано: Честитки до играчите! Алкалоид го има најдобриот голман за седмерци, многу е тешко да ги победиш!