Вардар 1961 има шанса да дојде до 17-тиот пехар во Купот на Македонија. Во полуфиналето „црвено-црните“ после изведување на пенали го совладаа Алкалид со 32-31, за противникот во битката за пехарот ќе го имаат подобриот од ГРК Охрид и Пелистер.
Гиљермо Милано, тренерот на Вардар после мечот им честиташе на играчите на победата. Според него неговите момци во клучните моменти покажале мирна глава.
„Честитки до мојот тим за оваа голема победа, тие направија ова да е возможно. Сега малку ќе уживаме во хотелот, да видиме кој ќе ни биде ривал. Во моментот кога ќе заврши второто полуфинале ќе почнеме да размислуваме за утрешниот натпревар. Во последната акција судиите си ја завршија својата работа, мораа да погледнат снимка и го исклучија Борозан. Сепак, потоа во пенал-серијата покажавме карактер. Алкалоид го има најдобриот голман за седмерци во лигата, па да ги победиш е многу тешко. Моите ракометари покажаа темперамент и мирна глава, па многу сум горд на нив“, изјави Милано.
Финалето е закажано за утре со почеток во 17:30 часот.