Митревски: Одиме да го освоиме трофејот кој 20 години недостига во Битола

849

Пелистер на крилата на македонскиот репрезентативец, Никола Митревски и неговите 14 одбрани успеа да завери финале во Купот на Македонија. Во битката за првиот пехар после 20 години ги чека Вардар 1961.

“Одигравме добар натпревар, двете екипи. Ова беше полуфинале како секогаш квалитетно, секогаш има посебна тежина и значење. Охрид играше добро во првиот дел, а ние имавме технички грешки во напад. Во вториот дел почнавме да го покажуваме нашиот квалитет и мислам дека тоа беше клучно за победата. Одигравме фантастична одбрана. Сигурно утре ќе играме пред многу публика, не очекува вистинско дерби и финале. Одиме да го освоиме трофејот кој 20 години недостига во Битола“, изјави Никола Митревски.

Финалето е закажано во 17:30 часот во СЦ “Билјанини Извори”.

ПретходноМоќен, моќен ПСЖ! Дуе и другарите го згазија Интер за прва историска титула во ЛШ! (ФОТО+ВИДЕО)
СледноНовак експресно во 1/8 финалето на Ролан Гарос!