Митревски: Прво да го победиме Охрид, па ќе размислуваме за финале!

292

До стартот на Купот на Македонија и битката за пласман во финалето не делат часови. Во првото полуфинале (17 часот) силите ќе ги одмерат бранителот на трофејот, Алкалоид и Вардар 1961, додека втората двојка ја сочинуваат домаќинот, ГРК Охрид и Пелистер.

Битолчани, кои се актуелни прваци цели 20 години го немаат освоено пехарот во Купот на Македонија. Целта пред стартот на сезоната беа обединување на круните.

Искусниот македонски репрезентативен голман, Никола Митревски добро знае дека ова натпреварување е поинакво, одлучува моментална инспирација. Вели дека целосно се начосени кон првиот меч против ГРК Охрид.

„Купот се два натпревари, турнирски систем и е поразлично и специфично. Се подготвуваме за полуфиналето, а двата победници имаат малку време за финалето. Моментална инспирација и индивидуален квалитет знаат да ги решаваат ваквите натпревари.

Секако дека двата дена ќе бидат тешки, прво треба да се подготвиме само за мечот во сабота и да го добиеме првиот меч, а потоа ќе размислуваме за финалето. Прво да го победиме Охрид, па ќе се насочиме кон следниот предизвик“, изјави Митревски.

ПретходноАтлетико Мадрид го завери Фернандо Торес до 2027 година!
СледноЃорческа избори финале во Куршумлиска бања