Вечерва се одиграа полуфиналните “мајсторки“ во АБА лигата. Прво Партизан го победи, и тоа убедливо Дубаи со 114-97 и стави печат на пласманот во финалето со оглед на тоа дека ја доби оваа серија со 2:1 во своја корист.
Следуваше дуелот во салата “Морача“ во Подгорица, и јасно таму драма. Тоа беше вистински трилер кој на крајот го доби составот на Будуќност со 81:78 против Ц.Звезда. Вистински херој на домашните беше Мекинли Рајт кој буквално во последната секунда при резултат 78:78 постигна тројка за победа на својот тим и за еуфорија кај домашните фанови.
Ова значи дека Ц.Звезда нема да го види финалето во АБА лигата, за трофејот ќе се борат Будуќност и Партизан.
ФОТО: КК Црвена Звезда/ФБ