Браво: Лина е победник на турнирот во Куршумлијска бања!

1589

Лина Ѓорческа го освои фјучрсот во Куршумлијска бања во Србија откако претпладнево успеа да ја победи Матоула од Грција со 2:1 во сетови. Тоа беше долг и исцрпувачки меч кој траеше повеќе од два часа, но нашата најдобра тенисерка сепак успеа да слави.

Првиот сет грчката тенисерка успеа да го добие со 6:2 во гемови, се чини Лина како да се загреваше.

Во вториот сет Ѓорческа го освои со максимални 6:0 во гемови, за да во решавачкит трет сет, Македонката исто така беше подобра и со 6:4 во гемови дојде до голема победа.

Секако дека за ова Лина има големо БРАВО.

ПретходноКилијан Мбапе го прекина молкот, испрати честитка до ПСЖ
СледноКуп спектакл во Охрид: Вардар 1961 по нов рекорд, Пелистер по првиот пехар после 20 години!