Килијан Мбапе го прекина молкот, испрати честитка до ПСЖ

683

ПСЖ со најголемите ѕвезди не успеа да го подигне пехарот во Лигата на шампиони, прв во својата историја. Една од ѕвездите која не успеа да го донесе ова големо остварување е Килијан Мбапе.

Францускиот фудбалер одлучи да замине во Реал Мадрид, а од тој момент до вчера не кажа ниту збор за ПСЖ. Сега го прекина молкот и испрати честитка.

„Големиот ден, конечно, дојде. Победа за клубот, и тоа со стил. Честитки ПСЖ“, напиша Мбапе.

ПретходноОд Охрид стигна поддршка за Самоил Ристевски (ФОТО)
СледноБраво: Лина е победник на турнирот во Куршумлијска бања!