Куп спектакл во Охрид: Вардар 1961 по нов рекорд, Пелистер по првиот пехар после 20 години!

672

Денеска ќе биде познат новиот освојувач на Купот на Македонија. Во финалето се пласираа Вардар 1961 и Пелистер, два тима кои се во тесна битка за титулата во шампионатот. Почетокот на ракометниот спектакл во СЦ „Билијанини Извори“ е закажан со почеток во 17:30 часот, МРТ ќе врши директен пренос.

Последната Куп битка меѓу овие два тима беше 2023 година, и исто во Охрид. Тогаш победникот беше Вардар 1961, кој денеска може да испише нова историја – 17 пехар во ова натпреварување. Од 2012 година, „црвено-црните“ имаа славено на 9 финалиња, две им припаднале на Металург и едно на Алаклоид.

На другата страна Пелистер и натаму е во обид да стави крај на 20-годишното чекање на Куп пехарот, последен пат го освоија во 2005 година. Битола им порача на своите ракометари дека очекуваат победа и трофеј.

Пресметката ќе биде финале пред финале, бидејќи овие два тима на 8. јуни во Скопје ќе ги вкрстат копјата за шампионската титула.

До финалето Вардар 1961 дојде откако го победи Алкалоид по изведување на пенали, додека пак Пелистер преку домаќинот ГРК Охрид, кој падна во самиот финиш и не успеа да направи чекор напред во својата историја.

ПретходноБраво: Лина е победник на турнирот во Куршумлијска бања!
СледноСребрена лига: Швајцарија е нов предизвик за нашите одбојкарки