Се чини дека една грижа помалку за нас за претстојниот меч со Белгија на 6 јуни во рамките на квалификациите за СП 2026 година. Имено пред нешто помалку од еден час, Реал Мадрид на своите социјални мрежи и сајт, објави дека Тибо Куртоа се пожалил на повреда, станува збор за Сакролитис и дека неговата состојба ќе биде под стрикна медицинска контрола. Рехабилитацијата ќе биде од две до осум недели. Ова значи дека Белгија доаѓа во Скопје без еден од најдобрите голмани во светот.
Инаку мечот се Белгија се игра во петок на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје со почеток од 20:45 часот.
ФОТО: Реал Мадрид ФЦ/ФБ