Навивачите на ПСЖ палеа автомобили и се тепа со полицијата (ВИДЕО)

782

Фудбалерите на Пари Сен Жермен синоќа во Минхен остварија историска победа од 5:0 против Интер, со што за првпат во историјата на клубот ја освоија титулата европски шампион.

Ова е најубедливата победа во финале на Лигата на шампиони во историјата и за прв трофеј на ПСЖ во ова елитно натпреварување, откако во 2020 година загубија во финалето од Баерн Минхен. Победата добива уште поголема тежина ако се знае дека ПСЖ е само вториот француски клуб кој го освои најпрестижниот европски трофеј – по Марсеј во 1993 година.

Како што и се очекуваше, навивачите во Париз масовно излегоа на улиците за да го прослават големиот успех, но славјето не помина без инциденти. На повеќе локации низ градот беа запалени автомобили, а друштвените мрежи беа преплавени со снимки од судири меѓу навивачи и полициските сили.

ПретходноЛуис Енрике: Мојата ќерка секогаш е тука со мене, во моето срце!
СледноИндијана ќе игра финале во НБА после 25 години пауза (ВИДЕО)