Пелистер се пласираше во финалето на Купот на Македонија, а за првиот пехар после 20 години ќе се бори против вечниот ривал, Вардар 1961. Мечот се игра во СЦ „Билјанини Извори“ со почеток во 17:30 часот.
Пред почетокот на дуелот против домаќинот на Купот, ГРК Охрид, ракометарите на актуелниот првак излегоа со посебни маички на кои стоеше „Самоил со тебе сме“.
Самоил Ристевски на полуфиналето на Ф4 тирнирот за младински шампион на Македонија заработи скршеница на ногата и по извршениот оперативен зафат ќе отсуствува 5-6 месеци.