Познат и последниот учесник на Светското клупско првенство

2437

Американскиот тим Лос Анџелес стана последниот, 32. тим кој ќе учествува на претстојното Светското клупско првенство на ФИФА, кое започнува во 13 јуни во САД.

Претставникот од МЛС лигата синоќа го доби плеј-офот против мексиканскиот Клуб Америка со 2:1. Вонредниот плеј-оф, кој се играше на стадионот на победникот, а се случи откако Леон беше исклучен од турнирот поради конфликт на интереси со Пачука, која го задржа своето учество во обновеното натпреварување.

Лос Анџелес се квалификуваше во група со англиски Челзи, туниски Есперанс и бразилски Фламенго.

ПретходноСамо еден навивач ги пречека фудбалерите на Интер: Јас сум единствениот идиот, но…
СледноТрапановски: Тактиката ќе биде најважен дел од мечот со Белгија