Полна сала за финале: Само уште 250 билети се во продажба

7384
фото: ГРК Охрид (Facebook)

Трибините на салата при СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид попладнево се очекува да бидат исполнети до последно место за финалниот натпревари од Купот на Македонија во машка конкуренција, мешу екипите на Вардар и Е. Пелистер.

Организаторите на Ф4 турнирот, ГРК Охрид, објавија дека за финалето во продажба се останати само уште околу 250 билети. Билетарата при СРЦ „Билјанини извори“ се отвора во 14.30 часот и сите заинтересирани треба да побрзаат за да дојдат до посакуван билет за мечот.

Вратите за влез на навивачите во салата ќе се затворат во 17 часот.

ПретходноСребрена лига: Швајцарија е нов предизвик за нашите одбојкарки
СледноДвајца починати, еден полицаец во кома, над 200 повредени – епилог на „прославата“ на титулата на ПСЖ