Раул Алонсо: Знам дека не е лесно, но мораме да го прифатиме овој пораз!

603

Пелистер повторно не успеа да го освои пехарот во Купот на Македонија. Битолчани останаа на тие пет трофеи а последен пат се радуваа пред 20 години.

Сушата продолжува и оваа година во оваа завршница во Купот на Македонија која се одржа во Охрид, а вечерва Пелистер беше поразен од Вардар во финалето.

Коментар по финалниот меч имаше и тренерот на Пелистер, Раул Алонсо:

Прво честитки за Вардар за победата во финалето, која беше заслужена. Секако сме разочарани, сакавме да се прикажеме во поинакво светло. Не можам да кажам дека играчите не се бореа, сепак мислам дека енергијата ја вложивме во погрешна насока. Влеговме во мечот многу лошо, потоа бркавме резултат цело време. Бевме тука цело време, но не успеавме да се вратиме во ниту еден момент. Вардар има искусни играчи, знае како да го контролира натпреварот. Загубивме и играчи поради повреди. Знам дека не е лесно, но мора да го прифатиме овој пораз и да се фокусираме на лигата“ изјави тренерот на битолчани.

ПретходноЈагуриновски е МВП: Вардар повеќе ја сакаше победата, повеќе ја сакаше титулата!
СледноСтранец на клупата: Струга ТЛ во финални преговори со Драган Аничиќ!