Само еден навивач на Интер се појави денеска на миланскиот аеродром за да ги пречека фудбалерите на својот омилен тим по синожешниот пораз во финалето на Лигата на шампионите во Минхен од екипата на ПСЖ (5:0).
Интер пристигна од Минхен во Милано околу пладне. На меѓународниот аеродром Силвио Берлускони, тимот го чекаше еден навивач по име Марко.
„Јас сум единствениот идиот. Но, овие момци сепак заслужуваат аплауз“, изјавил Марко пред неколкуте новинарски екипи кои исто така биле на аеродромот.