Во меч од 2.коло во Сребрената европска лига на ЦЕВ,женската одбојкарска селекција на Македонија вечерва во салата “Парк“ во Струмица беше убедливо поразена од Швајцарија со 0:3. (7-25, 16-25, 6-25).
Се покажа дека сепак Швајцарија е далеку поквалитетна селекција, но секако дека треба да се каже дека и нашите одбојкарки не беа на она потребно ниво како против Луксембург кога победивме со 3:0, исто така во Струмица.
Најефикасна кај нашата репрезентација беше Стојковска со седум поени.
Македонија својот настап во оваа Сребрена лига го продолжува на Фарските Острови каде во нов турнир ќе игра против Ф. Острови на 6 јуни и со Австрија следниот ден.