Сребрена лига: Швајцарија е нов предизвик за нашите одбојкарки

134
фото: CEV.eu

По историскиот триумф над Луксембург (3:0) и остварената прва победа по цели 17 години, нашата женска сениорска одбојкарска репрезентација вечерва (20 ч.) во салата „Парк“ во Струмица ќе го одигра и вториот меч од новото издание на ЦЕВ Европската сребрена лига.

Избраничките на селекторот Стефан Пауновиќ вечерва се среќаваат со Швајцарија, која вчера во рамките на 2. коло на турнирот во Струмица со максимални 3:0 (25-11, 25-13, 25-14) славеше над Луксембург и закажа дерби со нашата репрезентација за втора победа. Јасно е дека Швајцарките се далеку поквалитетен противник од Луксембург, што значи дека нашите девојки вечерва треба да прикажат уште подобра партија о донаа петочната и со уште поголема поддршка од трибините да се надеваат на уште еден добар резултат.

„Не може со зборови да се опише чувството кое секоја од нас го имаше по победата во петокот. Може само да се доживее и горда сум на целата екипа, на целиот стручен штаб и на публиката. Имавме притисок дека мора да победиме и искуството собрано низ годините ни помогна да се носиме со тој товар и на крајот излеговме на терен, покажавме карактер и потврдивме дека можеме да бидеме достоен противник за секој. Луксембург ни дојде и како добра подготовка за Швајцарија. Мислам и верувам дека секоја од нас ќе даде максимум и прихички и физички, и се надеваме на победа. Клучно во нашата игра ќе биде фокусот и дисциплина, мотивација секако дека нема да ни недостасува“, вели организаторот на играта Софија Пандева.

Мечот вечерва ќе го судат денери од Турција и нашиот судија интернационалец, Влатко Ристовски.

ПретходноКуп спектакл во Охрид: Вардар 1961 по нов рекорд, Пелистер по првиот пехар после 20 години!
СледноПолна сала за финале: Само уште 250 билети се во продажба