Првата пресметка меѓу Вардар 1961 и Пелистер за пехар сезонава ја добија „црвено-црните“ кои славеа со во финалето на Купот на Македонија со 31-27. Вардар 1961 на овој начин испиша историја, стигна до 17-та титулата во ова натпреварување. Според играта сосема заслужено дома си оди со пехарот. Овие два тима на седми овој месец повторно ќе се сретнат, овој пат во битката за титулата.
Јагурновски со шест гола беше прв стрелец кај победникот, на другата страна Манасков имаше седум гола.
Одлични десет минути за Вардар 1961, поведоа со 7-2, пред се благодарение на цврстата игра во одбраната и добро организираниот напад. На другата страна битолчани се бараа во овој меч, се обидувааа преку Кузмановски, но „црвено-црните“ добро го затвораа. Првата одбрана на Митревски ги разбуди во Пелистер, со серија од 4-0 дојдоа на гол негатива (7-6), во период кога Вардар 1961 имаше на двапати икслучувања. Тензијата растеше, во 14 минута дојде до мал прекин, по две минути исклучување добија Лазаревски и Петар Атанасијевиќ. Нова мини серија на „црвено-црните“ во 25. минута им донесе највисоките плус четири од почетокот (14-10). На одморот беше 17-14 во корист на Вардар.
Второто полувреме почна со задоцнување бидејќи Вардар 1961 не сакаше да ги смени клупите бидејќи требаше да биде позади „Чкембари“, а нема заштитна ограда, но мечот продолжи. После шест минути игра во овој дел, Вардар 1961 поведе со плус пет (21-16) со голот на Родригез, истото го стори и во 43-та минута (24-19).
Двата искусни голмани на Пелистер, Митревски и Ивиќ не беа на посакуваното ниво, па кон средината на второто полувреме влезе Давид Брестовац, запиша веднаш одбрана, но Вардар повторно беше на плус пет (26-21), во 47-та минути не искористи напад за водство од шест гола, Еспиња беше одличен на голот.
Последните десет минути „црвено-црните“ ги почнаа со водство од пет голаа (27-22), беше 28-23. Банална грешка на противникот беше одволна за да битолчани дојдат на 28-25. Ракометарите на Вардар 1961 имаа плус четири во 57 минута, но не искористија напад за да целосно го отворат патотот кон победата, иако Пелистер беше без играч помалку, Борзаж доби црвен картон. Борозан испрати вистинск бомба на голот на Митревски и тука веќе стана јасно дека пехарот ќе оди во рацете на скопскиот состав.