Двајца починати, еден полицаец во кома, над 200 повредени – епилог на „прославата“ на титулата на ПСЖ

32555

Две лица починаа, а еден полицаец е во кома откако прославите на Пари Сен Жермен станаа  насилни низ цела Франција. Илјадници луѓе излегоа на улиците на Париз за да ја прослават европската титула, но во градот имаше непријатни сцени кога полицијата интервенираше за да ги контролира разулавените толпи.

Видеата на социјалните мрежи покажуваат како навивачите на ПСЖ трчаат пред автомобили на автопатот во раните фази од второто полувреме. На Шанзелизе, автобуските постојки беа уништени, а врз полицијата беа фрлани пиротехнички средства.

Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера насобраните маси.

„Проблематичните навивачи на Шанзелизе се обидуваа да создадат инциденти и постојано доаѓаа во контакт со полицијата фрлајќи големи пиротехнички средства и други предмети“, се вели во соопштението на полицијата.

Прелиминарната проценка на Министерството за внатрешни работи беше дека се уапсени 559 лица, вклучувајќи 491 во Париз, што доведе до полициски притвор на 320 лица, од кои 254 во Париз. Според Министерството за внатрешни работи, две лица се убиени, додека се верува дека над 200 се повредени.

ПретходноПолна сала за финале: Само уште 250 билети се во продажба
СледноЃоковиќ го изедначи епскиот рекорд на Федерер