Куртоа е повреден, голманот на Белгија не доаѓа во Скопје!

307

Се чини дека една грижа помалку за нас за претстојниот меч со Белгија на 6 јуни во рамките на квалификациите за СП 2026 година. Имено пред нешто помалку од еден час, Реал Мадрид на своите социјални мрежи и сајт, објави дека Тибо Куртоа се пожалил на повреда, станува збор за Сакролитис и дека неговата состојба ќе биде под стрикна медицинска контрола. Рехабилитацијата ќе биде од две до осум недели. Ова значи дека Белгија доаѓа во Скопје без еден од најдобрите голмани во светот.

Инаку мечот се Белгија се игра во петок на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје со почеток од 20:45 часот.

ФОТО: Реал Мадрид ФЦ/ФБ

ПретходноСаки: ПСЖ трчаше со 160 км/ч, а можеа да играат и со затворени очи
Следно“Ушлето“ пристигна во Париз, започна шампионската парада! (ФОТО+ ВИДЕО)