Екипата на Манчестер Јунајтед и официјално го потврди своето прво летно засилување, бразилскиот репрезентативец Матеус Куња. По фантастичната сезона во екипата на Вулверхемптон, Куња ќе го засили тимот на Рубен Аморим.
Матеус Куња имаше откупна клаузула од 62 милиони евра која Јунајтед немаше проблем да ја исплати. Бразилецот потпиша пет-годишен договор со „црвените ѓаволи“, а опција е продолжение на договорот од уште една година.
Ова е прво засилување за Јунајтед по разочарувачката сезона во Премиер Лигата и поразот во финалето на ЛЕ против екипата на Тотенхем.