Познато е кога ќе се игра Суперкупот на УЕФА помеѓу ПСЖ и Тотенхем

677
Фото: Тотенхем X

Пари Сен Жермен го победи Интер Милан со 5-0 и ја освои својата прва титула во Лигата на шампионите. Парижаните дури и комплетираа тројна круна оваа сезона, освојувајќи го и француското првенство и Купот на својата земја.

Со триумфот на ПСЖ, формиран е и парот за Европскиот Суперкуп. Тимот на Луис Енрике ќе се соочи со Тотенхем, кој ја освои Лигата на Европа по победата од 1-0 над Манчестер Јунајтед, во битка за трофејот од Суперкупот на УЕФА.

Натпреварот ќе се игра на 13 август на стадионот на италијанскиот елитен клуб Удинезе, познат и како Фриули. Парижаните и Спарс ќе имаат можност за прв пат да го додадат овој трофеј на својата витрина. Тој моментално му припаѓа на Реал Мадрид, кој ја победи Аталанта со 2-0 во Варшава минатото лето.

ПретходноНова магија на Меси во МЛС (ВИДЕО)
СледноОд Охрид стигна поддршка за Самоил Ристевски (ФОТО)