Пјастри фантастичен и во Шпанија, Верстапен предизвика инцидент

769
фото: F1 (X)

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри е освојувачот на големата награда на Шпанија. Неговиот тимски колега Ландо Норис го освои второто место, додека пак на третата позиција се најде возачот на Ферари, Шарл Леклер.

Во последниот круг од трката актуелниот светски шампион Макс Верстапен направи грешка и предизвика судар со возачот на Мерцедес Џорџ Расел, поради што доби казна од десет секунди и трката ја заврши на десетото место. На четвртата позиција заврши Расел, а на 5-тото место се најде Хулкенберг.

Следната трка е големата награда на Канада која ќе се одржи на 15-ти Јуни.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Манчестер Ј. го промовираше првото летно засилување
СледноГерманска работа: Изградија стадион во 2000 година и веќе им е стар, сега ќе градат нов!