Пелистер повторно не успеа да го освои пехарот во Купот на Македонија. Битолчани останаа на тие пет трофеи а последен пат се радуваа пред 20 години.
Сушата продолжува и оваа година во оваа завршница во Купот на Македонија која се одржа во Охрид, а вечерва Пелистер беше поразен од Вардар во финалето.
Коментар по финалниот меч имаше и тренерот на Пелистер, Раул Алонсо:
“Прво честитки за Вардар за победата во финалето, која беше заслужена. Секако сме разочарани, сакавме да се прикажеме во поинакво светло. Не можам да кажам дека играчите не се бореа, сепак мислам дека енергијата ја вложивме во погрешна насока. Влеговме во мечот многу лошо, потоа бркавме резултат цело време. Бевме тука цело време, но не успеавме да се вратиме во ниту еден момент. Вардар има искусни играчи, знае како да го контролира натпреварот. Загубивме и играчи поради повреди. Знам дека не е лесно, но мора да го прифатиме овој пораз и да се фокусираме на лигата“ изјави тренерот на битолчани.