Само еден навивач ги пречека фудбалерите на Интер: Јас сум единствениот идиот, но…

10270

Само еден навивач на Интер се појави денеска на миланскиот аеродром за да ги пречека фудбалерите на својот омилен тим по синожешниот пораз во финалето на Лигата на шампионите во Минхен од екипата на ПСЖ (5:0).

Интер пристигна од Минхен во Милано околу пладне. На меѓународниот аеродром Силвио Берлускони, тимот го чекаше еден навивач по име Марко.

„Јас сум единствениот идиот. Но, овие момци сепак заслужуваат аплауз“, изјавил Марко пред неколкуте новинарски екипи кои исто така биле на аеродромот.

ПретходноКолевски и Каркачев ставија крај на кариерите поради неправда и понижување
СледноПознат и последниот учесник на Светското клупско првенство