Откако Струга ТЛ се раздели со Илчо Ѓорѓиоски, раководството на овој клуб е во потрага по нов стратег. Како што велат нашите информации остварени се контакти со повеќе тренери, но најблиску до тоа да седне на клупата на некогашниот двократен шампион има Драган Аничиќ. Станува збор за искусен тренер, роден во 1970 година во Белград а минатата сезона бил дел од стручниот штаб на Партизани Тирана. Претходно бил стратег и на Нови Пазар, Вождовац, Рудар Плевља, Мачва, БСК Борча.
Во случај Струга ТЛ и дефинитивно да успее да го ангажира Аничиќ, тогаш тој ќе биде вториот странски тренер во историјата на клубот по Шпетим Дуро.
Инаку според нашите информации, Струга ТЛ за наредната сезона има намера и тоа како да се засили и да атакува на врвот во ПМФЛ.