Трапановски: Тактиката ќе биде најважен дел од мечот со Белгија

311

Македонската фудбалска репрезентација интензивно ги продолжува подготовките за дуелот со Белгија в петок во квалификациите за СП 2026. Нашиот репрезентативец кристијан Трапановски, по денешниот тренинг даде и своја оценка на досега одработеното и очекувањата од двомечот кој не очекува.

„Мислам дека мотивацијата е на највисоко ниво. Подготвени сме, имаме респект кон секого, но мотивацијата на високо ниво и се надевам дека ќе влеземе со добар пристап прво со Белгија, а потоа и со Казахстан. Белгија индивидуално има топ-играчи. Ако сме тактички добро подготвени, можеме да им парираме. Тактичкиот дел ќе биде најважен. Мислам дека имав добра сезона зад мене, имав неколку повреди кои ме стопираа, но подготвен сум. За секој противник подготовките и анализите се различни. Се подготвуваме за секој меч пооделно“, вели Трапановски.

Македонија в петок ја дочекува Белгија во третиот круг од квалификациите за Мундијалот.

ПретходноПознат и последниот учесник на Светското клупско првенство
СледноСтоле Димитриевски зборува за шансите со Белгија, за Куртоа…