Цените за финалните дуели од НБА плеј-офот отидоа во „плафон“

758

Цените на билетите за финалната серија во НБА лигата неѓу Индијана и Оклахома достигнуваат „луди“ рекордни цени. Според информациите кои се појавија денеска, најевтините билети за еден од можните седум финални дуели се по цена од 700 долари.

Цените на билетите за дуелите на овие два тима никогаш не биле повисоки. Интересно е што ова се т.н. добиени цени, што значи дека реалници цени на билетите ќе одат уште нагоре. На пример, ако дојде до седми натпревар меѓу овие два тима, за место во салата на Оклахома, која би била домаќин на т.н. „мајсторка“ ќе се плаќа и по 1386 долари.

Оклахома дојде до првото свое НБА финале по 2012 година, додека за првпат од 2000 година, Пејсерси ќе се натпреваруваат за титулата.

ПретходноГерманска работа: Изградија стадион во 2000 година и веќе им е стар, сега ќе градат нов!
СледноСаки: ПСЖ трчаше со 160 км/ч, а можеа да играат и со затворени очи