Ракометарките на Ѓер денеска повторно ја покажаа и докажаа својата доминација во женскиот ракомет. Во финалниот меч, кој се одигра во Будимпешта во рамките на Ф4 турнирот во ЛШ, тимот од Унгарија на домашен терен славеше со 29:27 против Оденсе, што беше сосема доволно да се дојде до нов трофеј во најквалитетното ракометно натпреварување во женска конкуренција.
Првиот дел се чини дека беше решавачки зошто ракометарките на Ѓер беа и тоа како доминатни и го добија со 20:15. Во второто полувреме Оденсе стори се што можеше, ја намали негативата, но во ниту еден момент не се закани и не покажа дека може да дојде до целосен пресврт.
Па така на крајот ракометарките на Ѓер заслужено се радуваа.
ФОТО: ЕХФ/Х