Ѓоковиќ го изедначи епскиот рекорд на Федерер

10753
Фото: АТП/Твитер

Новак Ѓоковиќ го победи Филип Мишолич со 6-3, 6-4, 6-2 во третото коло на Ролан Гарос, со што го обезбеди своето место во осминафиналето.

Со ова успеа во 20-та последователна сезона на најмалку два Гренд Слем турнири во една година да стигне до оваа фаза од натпреварувањето.

Само Роџер Федерер успеал да го стори тоа во ерата на Опен.

Ѓоковиќ го израмни и својот личен рекорд кога станува збор за Гренд Слем турнирите, па сега има ист број победи на Ролан Гарос како и на Отвореното првенство на Австралија – 99.

Неговата следна пречка, во понеделник, ќе биде Камерон Нори.

ПретходноДвајца починати, еден полицаец во кома, над 200 повредени – епилог на „прославата“ на титулата на ПСЖ
СледноФФМ е дел од Европската недела на спортот