Вардар успеа да го победи Пелистер во уште едно Куп финале и да освои нова титула. Сите ракометари на Вардар беа одлилчни, но сепак блескаше Томи Јагуриновски кој беше прогласен и за МПВ на овој турнир во Охрид.
Веднаш по мечот ракометарот на Вардар истакна:
“Ова е спорт. Секако дека сум задволен на оваа победа и за тоа дека сум прогласен за најдобар играч на турнирот. Пред се сакам да им честитам на ракометарите на Пелистер на одличната игра, мислам дека ние бевме малку помотивирани, малку повеќе го сакавме трофејот и дадовме се од себе, изгинавме на терен денеска. Нема мноу време за славење, ни останаа уште дба натпревари во сезоната во среда и сабота, да се надеваме дека ќе можеме да славиме после тоа“ изјави најдобриот играч на овој турнир во Охрид.
Инаку Филип Кузмановски е најдобар стрелец со 11 голови, а најдобар голман Еспиња.