Лацио остана без тренер

142

Тимот на Лацио предмалку објави дека ја прекинува соработката со досегашниот тренер, Марко Барони.

Седмото место во изминатата сезона, како и елиминацијата во Лигата на Европа од Бодо Глимт беа пресудни за ваквиот развој на настаните кога станува збор за Барони.

Се очекува до крајот на денешниот ден, или пак во текот на утрешниот, Маурицио Сари да биде вратен за шеф на стручниот штаб. Тој си замина пред околу година и пол од Олимпико.

ПретходноГризман верен на Атлетико Мадрид до 2027 година
СледноТектонски промени во раководните структури на Тотенхем