Ноле експрес за 1/4 финале и 100-та победа на Ролан Гарос

2081
Фото: Roland-Garros @rolandgarros

Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Ролан Гарос, откако го совлада Камерон Нори со 3-0 по сетови (6-2, 6-3 и 6-3). Српскиот тенисер уште еднаш ја потврди својата доминација на противникот не му дозволи да помисли да освои барем еден сет.

Со денешната победа во Париз, Новак стигна до 100 триумфи на Ролан Гарос, а повеќе има само неприкосновениот Рафаел Надал, кој го освоил овој турнир 14 пати.

Првиот сет го доби со 6-2, Ноле отвори со 4-1 и веќе беше јасно дека ова ќе биде негов меч. Во вториот сет Нори успеа да освои три сета (6-3), додека во последниот видовме уште поголема доминација.

На патот до пласман во полуфинале стои Зверев, кој без борба стигна до 1/4 финалето.

ПретходноПикси: Милинковиќ Савиќ никогаш повеќе нема да го повикам за Србија
СледноМакедонија е комплетна: Капитенот Барди од денеска на тренинг!