Ламине Јамал е фудбалер кој според она што го демонстрира на теренот го чека светла иднина. Иако има само 17 години, тој во дресот на Барселона прави чуда. Многумина сметаат дека може да ги надмине и Лионел Меси, и Кристијано Роналдо.
Во сениорскиот тим на Барселона заигра во 2023 година, а она што е сигурно дека во брзо време ќе се најде на мета на европските гиганти.
Познатиот специјалист за трансфери, Фабрицио Романо на својата „Фејсбук“ страница објави краток коментар од Ламине Јамал за можноста да заигра во дресот на Реал Мадрид.
„Јас во Реал Мадрид еден ден? Нема шанси. НЕВОЗМОЖНО“.
На ваковиот коментар се огласија фановите на Реал, кој порачаа дека за него нема место ниту на клупата.